Основачот на „Мајкрософт” Бил Гејтс го обвини Фејсбук и другите социјални мрежи за брзото распространување на коронавирусот во САД, поради дезинформациите на нив.

Какво иноваторство видовме? За жал, дигиталните технологии и платформи, веројатно придонесоа за распространувањето на ова што јас го сметам за луди идеи. Социјалните мрежи би можеле да бидат и пополезни за справување со ваквата и слични кризи, ако беше обезбедено споделувањето точни и веродостојни податоци, изјави Гејтс.

Тој натаму додава дека дезинформациите убедиле поголем дел од населението, оти некои мерки против Ковид-19, како што е носењето маски и физичкото растојание, не се неопходни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.