Истовремената употреба на вакцини против грип и коронав ирус е безбедна, покажале истражувањата за кои во седиштето на СЗО во Женева зборуваше Силви Брајан, директорка на Службата за глобална подготвеност за критични инфекции при Светската здравствена организација.

Постојат неколку студии кои покажуваат дека е безбедно да се даваат двете вакцини истовремено. Сепак, мора да се консултирате со вашиот лекар за индикациите за употреба на двете вакцини – изјави Брајан.

Прашана како пациентот може да ги разликува симптомите на грип од оние на Ковид-19, директорката потсети дека вообичаените симптоми на грип се треска, главоболка и болки во мускулите, како и течење на носот и кашлица.

Ковид-19 во суштина ги има истите симптоми, но на нив се додаваат и губењето на чувството на мирис и вкус. Многу луѓе, особено младите луѓе, при Ковид-19 покажуваат дополнителни специфични симптоми. Понекогаш, сепак, има малку симптоми на двете болести, а тоа најмногу зависи од нивото на имунитет – изјави Брајан.

Таа нагласи дека е важно да се знае дека „превентивните мерки делуваат и кај двете болести“.

Експертката потсети дека е потребно миење на рацете, проветрување на просториите, носење маска и одржување физичка дистанца.

И грипот и Ковид-19 можат да се спречат доколку се следат овие мерки – вели Брајан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.