Човечкото тело има свои тајни, свои чуда и правила кои не ги знае секој од нас. Структурата и функцијата на човековото тело во многу ситуации се непредвидливи, а некои појави се толку невообичаени што за нив не се зборува надвор од стручните кругови. На пример:

* Новородено дете има повеќе коски отколку возрасен човек. Се раѓа со триста коски кои со текот на растот и развивањето се составуваат една со друга, така што на возрасните луѓе им остануваат само двесте и шест коски.

* Во секој човечки организам, секоја минута умираат триста илјади клетки. Иако звучи шокантно, тоа е помалку за 0.0001 отсто од вкупната количина на клетки кои секојдневно се обновуваат во организмот.

* Секој човек може да преживее без слезина, желудник, еден бубрег, едно белодробно крило и седумдесет и пет проценти функција на црниот дроб.

* Човечката коса е неуништлива, освен ако не се запали. Можеби ви изгледа кревко, но косата е толку цврста, што не може да ја уништи ни студот, ниту промената на климата, дури е и отпорна на многу корозивни хемикалии и киселини.

* Човекот може да преживее без храна, но не и без сон. Само на вода, без трошка храна, телото издржува два месеци, но со само неколку ноќи без сон, последиците се неизбежни. Иако рекордот на неспиење изнесува двесте шеесет и четири часа, кај поголемиот дел од луѓето неспиењето носи радикални и трајни последици.

* Синдромот “туѓа рака” во литературата познат како “Alian hand syndrome” е посебно интересен. Се работи за невообичаен невролошки синдром, во кој раката не ги слуша командите на мозокот. Овој синдром се јавува како последица на оштетување на средниот, фронтален дел од моторната мозочна регија, најчесто по операција на мозокот, мозочен удар или воспаление на мозокот. Личноста која го поседува овој синдром на моменти нема никаква контрола врз рацете, тие просто си прават што сакаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.