Од утре почнува бесплатното вакцинирање против сезонски грип за лица на 65 години, објави министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека се набавени 28.000 вакцини, кои се бесплатни и наменети за: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени и здравствени работници.

Центрите за јавно здравје набавија 21.000 комерцијална вакцина, која веќе е достапна за граѓаните од понеделникот, додаде Филипче.

Покрај 10-те центри за јавно здравје, вакцинацијата ќе се спроведува и во трите поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствениот Дом во Скопје. Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак, бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.