Животот за 19-годишниот Дарко Митков од Кавадарци е секојдневна макотрпна борба, особено во изминатите две години.

Тогаш му откажале функцииите и на неговиот втор бубрег, а сега е потребно да се изврши трансплантација.

 

Во разговор за „Фокус“, Дарко ги раскажа своите соништа и планови за животот и верува дека наскоро ќе му се остварат.

Многу е тешко во оваа ситуација во која јас се наоѓам. И покрај се добро се справувам, имам голема поддршка од сите мои роднини, пријатели“, вели Митков.

Пронајден е и донатор на бубрег за Дарко, а тоа е неговата мајка. Операцијата ќе ја покрие Фондот за здравство, но на семејството Миткови им се потребни уште 5000 евра за лекување по хируршкиот зафат.

Како и секое младо момче, така и Дарко има свои соништа и свои планови за животот.

Мојот сон е да бидам врвен мајстор за автомобили, но во оваа ситуација не можам да ја работам мојата сакана професија“, додаде Митков.

Се очекува трансплантацијата да биде извршена во Клиничкиот центар во Скопје, а сите хумани граѓани можат да донираат на жиро-сметката на НЛБ Банка 210-700000649842, а наскоро се очекува да бидат отворени и донаторски броеви на мобилните оператори.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.