Денеска во Франција почнува судењето за еден од најголемите скандали во здравството во оваа земја во кој настрадаа 2.000 луѓе, а многунина добија доживотни оштетувања.
Со судењето за убиство и измама ќе се обиде да се разјасни што точно се случувало во француската фармацевтска индустрија. На обвинителната клупа е „Сервиер“, една од најголемите и најмноќни приватни лаборатории која е обвинета за прикривање на нуспојави на некогаш многу распостранетиот лек „Медиатор“. Освен француската компанија, на обвинителната клупа ќе се најдат и француската државна регулаторна агенција која се товари дека не направила доволно за да ја спречи смртта и трајното оштетување на пациентите, пишува „Гардијан“.
Смртноносниот лек „Медиатори“ им бил препишуван на дијабетичари со прекумерна тежина, но и на здрави жени кои сакале да ја намалат тежината, бидејќи апчињата го намалувале апетитот.
Во период од 1976 до 2009 година лекот го користеле пет милиони лица и покрај фактот дека постоело сомневање дека предизвикува болести на срцето и на белите дробови. Министерството за здравство открило дека најмалку 500 лица во Франција кои пиеле „Медиатор“ починале поради проблеми со залистоците на срцето. Според други проценки на докторите, се смета дека станува збор за околу 2.000 лица, а уште илјада денес живеат со проблеми на срцето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.