Бројките ќе растат и во наредниот период. Ние сме веќе во одреден пик, но бројките нема да останат на ова ниво, мислам дека и ова не се точните бројки, бидејќи има многу лица кои се тестираат во домашни услови. Смртноста би ја оставил настрана во овој разговор, само би напоменал дека ние сме една од понездравите нации… Треба да се вклучи поширока група експерти во целата ситуација. Видовме дека во целиот свет бројките со омикрон се уште полоши, иако пробаа речиси се. Омикрон е агресивен тип на вирус кој го зафати целиот свет и тоа доведе и онака големите бројки да бидат уште поголеми, но сепак, и покрај агресивноста, омикронот не одзема толку многу животи, па при овој број зарзени, смртноста е пониска отколку кај делта сојот, вели за МРТ д-р Ангелчо Андоновски, поранешен директор на детската олница „Козле“.

Според него, омикрон е доминантен, а во светот се појавија дури 54 подтипови на овој вирус. Во врска со лекувањето и протоколите, тој истакна:

Се согласувам со забелешките. Протоколите беа воспоставени од почеток, но тие треба да се подложни на менување и тоа треба да биде на дневно ниво. Ние не работиме така, не работиме на дневно ниво. Ние сме различни од другите држави во светот и од околината. Сите држави на некој начин имаат своја посебна патологија на која треба да се посвети внимание. Сега лекуваме, но лекуваме симптоматски…

Што се однесува до децата, треба да се каже дека сите симптоми се измешани. Омикрон сојот е комбинација на сите досегашни соеви, плус инфлуенцата. Симптомите можат да бидат секакви. Нема еден битен момент што може да се издвои, освен иритантната сува кашлица, за која обично велиме дека од грло. Но, ова е период кога немаме толку алергии. Има, тука и загадениот воздух, но сепак, оваа кашлица покажува дека кај детето нешто недостасува. Тоа е проследено и со температура од 37,2-37,4 степени која не е многу висока. Така почнува. Како понатаму ќе се менува клиничката слика, колку тој вирус ќе го ослаби организмот, така ќе се појавуваат и другите параметри, истакна Андоновски.

Во изминатите недели расте бројот на деца кои доаѓаат на преглед, возраста веќе нема влијание. Сите се зафатени, од 0 до 16 до 18 годишна возраст. Но, да не заборавиме дека децата моментално се на распуст до 1 февруари. И тука е нашата одговорност и како лекари и како родители, пред се во однос на почитување на мерките. Се покажа дека вектор на пренос се возрасните, а не децата – додаде Андоновски.

Што се однеусва до клиничката слика кај заразените деца, Андновски изјави:

Кога станува збор за клиничката слика, значи има кашлица, температура, одредени опструкции, но битно е да не ги носиме децата на лекар по 10 дена домашен третман, туку навреме да се реагира. Максималниот период на заразеност на едно дете е пет до седум дена, значи многу кратко трае. Но мора веднаш да се реагира за да се види дали е Ковид. Мора да се работи на имунитетот на децата. Сега во овој период кога децата ни се под стаклено ѕвоно, ги побиваме сите фактори кои би изреагирале и би го направиле организмот поотпорен. Терапијата се прилагодува симптоматски кај секое дете. Некои деца се склони кон развивање пневмонии. Посебно внимание треба да се посвети на децата со кардиолошки проблеми, тука е дијабетот итн. Третманот кај децата е посебен, но со ослабување на имунолошкиот систем од вирусот, може да се развијат бактериолошки процеси кои ја комплицираат состојбата…

Во врска со тоа дали децата треба да одат на училиште или он лајн, Андоновски потенцираше:

Не е решение децата да седат дома. Но во оваа фаза, кога имаме огромно ширење и брз агресивен вирус, треба да ги заштитиме токму нив, не само поради непобитниот фактор дека тие ни се најбитни и дека ни се иднината, туку поради еден битен момент, а тоа е дека ние не знаеме кои се долгорочните последици што ги носи овој вирус, омикрон, по нивното здравје. Што подоцна? Има истражувања во светот. Не велам дека не се точни, но знаеме дека се појавија многу истражувања кои се контрадикторни. Сметам дека треба да се продолжи со овој тренд, со носење маски, иако во еден период споменав дека не е решение ни отворени прозорци во училниците, а не пак носење маски, посебно таму каде што има деца кои неправилно ги носат маските, но сепак, носењето маска штити и не смееме да избрзуваме со такви мерки како симнувањето на маските.
Во однос на вакцините, има земји кои ги одобрија авкцините за деца над пет години, но секоја земја е посебна, и ние не смееме да избрзуваме. Секој детски организам е специфичен. Пред да биде некое дете вакцинирано, мора да се провери да не има некој ко-фактор, некој тригер, што би направил уште поголема компликација, знаејќи дека нивната клиничка слика поврзана со Ковид е минорна. Немаме такви компликации какви што имаме кај возрасните луѓе. Затоа сметам дека не е време да се дискутира за вакцинирање на децата. И некои големи држави не размислуваат за тоа, зашто чекаат да ги видат сите моменти поврзани со ова. Сметам дека треба да бидеме многу винимателни кога е во прашање вакцинацијата на децата, истакна Андоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.