Веста дека Кина започнала со анални брисеви како дел од тестирањето на коронавирус, одекна во Европската Унија, па затоа портпаролот на Европската комисија денеска одговори дали наскоро ќе се применуваат вакви методи во Европа.

Мислам дека сите сме заинтересирани лично за ова прашање, истакна портпаролот Ерик Мамер.

Неговиот колега Стефан де Кирмакер, пак, рече дека како и досега, ќе се следат препораките на професијата.

Тој објасни дека тестирањето е прашање на земјите-членки и дека Комисијата издава само препораки.

Ние зависиме од стручните совети, па затоа мислам дека е најдобро да им го препуштиме прашањето на нив и да им дозволиме да видат кои се најдобрите пристапи, заклучил Де Кирсмакер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.