Четириесет и петгодишната Ана Милановиќ од Крагуевац стана хит на „Тик-ток“ кога започна во секси изданија да пее песни во кои се зборува за лекови и болка од нејзината аптека. Нејзините видеа се споделуваат на целиот Балкан, а со тоа е постигната и нејзината цел – да внесе малку ведрина во оваа тешка година.

@anamilanovic23💊💊💊##fyp ##fypシ ##foryoupage

♬ Aspirin – Seka aleksic

Милановиќ, која инаку покрај тоа што завршила и фармација и поседува аптека, веќе 25 години работи во клиничкиот центар во Крагуевац како медицинска сестра.

@anamilanovic23Da li i vi pijete pilule?🤔😅💊##fypシ##foryoupage##balkan##fyp ##croatos

♬ Doktor – Svetlana Ceca Raznatovic

Тоа е само шега. Знаете, цела година сум во ковид-центарот во Крагуевац, заради короната нема повеќе дружење, па шегата моравме да ја пренесеме на социјалните мрежи, вели Ана за српски „Телеграф“.

@anamilanovic23Ja leciti znam,ozdravices kadapoljubac ti dam…🤭💋#fyp# #fyp#シ #for#youpage #bal#kan #cro#atos

♬ Nema leka apoteka – Lepa Brena


За подобар имунитет, Милановиќ покрај смеење, препорачува внесување на витаминот Ц и цинк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.