Американскиот центар за јавно здравје ги предупредува своите жители дека ризикот од Ковид-19 во Македонија е многу висок. Оттаму препорачуваат патниците да ги избегнат сите меѓународни патувања кои не се неопходни во Македонија.

Патниците со зголемен ризик од тешка болест од Ковид-19 треба да размислат за одложување на сите патувања, вклучително патување во Македонија, стој во препораката од центарот кој нашата земја ја сметува во најризичната трета категорија на држави за кои се препорачува американците да ги откажат или одложат своите патувања.

Дополнително тие предупредуваат дека ризикот да се заболат од Ковид 19 во Македонија е многу висок, а доколку им е потребна медицинска помош и третман ресурсите се лимитирани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.