Двајца американски научници тврдат дека извор на заразата со корона вирус не може да биле пазарите во Вухан, туку кинески рудник оддалечен 1.600 километри од градот каде избувна епидемијата.

Вирологот Џонатан Летам и молекуларниот биолог Алисон Вилсон, кои работат во непрофитната организација „Bioscience Resource Project“ во Итака, град во државата Њујорк, направија интересно откритие додека преведувале магистерски труд од кинески доктор. На 66 страници, тој го опишал третманот на рударите кои се разболеле во рудникот во 2012 година и испратил примероци од нивното ткиво до Институтот за вирологија во Вухан за анализа.

Доказите што ги најдовме нè поттикнаа да преиспитаме сè што знаеме за изворот на инфекција со коронавирус – напишаа Летам и Вилсон во студијата што ја објавија на нивната веб-страница.

Летам за „Њујорк пост“ вели дека верува оти вирусот скоро сигурно избегал од лабораторија во Вухан.

Во април 2012 година, шест рудари во рудникот Мојанг во провинцијата Јунан во југозападна Кина се разболеле откако 14 дена чистеле измет на лилјаци. Тројца опд нив починале. Во својата магистерска теза, Ли Ксу, кој ги лекувал рударите, опишува дека тие имале висока температура, сува кашлица, болки во мускулите, а понекогаш и главоболки. Сите се симптоми што денес се поврзани со Ковид-19.

Третманот на болните рудари бил сличен на третманот на лица со Ковид-19, респиратори, стероиди, антибиотици и разредувачи на крв. Откако рударите ги тестирале за хепатитис, денга треска, па дури и ХИВ, резултатите биле негативни, а докторот се советувал со различни специјалисти од цела Кина, меѓу кои и Жонг Наншан, човекот кој одигра клучна улога во запирањето на епидемијата на САРС во 2003 година.

Ова укажува на тоа дека болета на шесте рудари предизвикала голема загриженост и се сметало дека САРС е причина за болеста. Институтот Вухан заклучи, анализирајќи ги примероците од ткивата, дека изворот на инфекцијата е веројатно кинески лилјак – напишале Летам и Вилсон.

Летам и Вилсон веруваат дека вирусот во телото на рударите се развил во Сарс Ков-2, необичен корона вирусен патоген, кој лесно се пренесува меѓу луѓето и дека примероците некако избегале од лабораторијата минатата година и ја предизвикаа пандемијата.

Иако научниците од лабораторијата во Вухан земале примероци од корона вирус од лилјак од истиот рудник, не успеале да видат поврзаност со настаните во 2012 година – изјавил Летам за Њујорк пост.

Ши Џенгли, виролог во лабораторијата Вухан, позната како „жена лилјак“ поради деталното истражување на корона вирусот добиен од лилјаци, изјави во јуни за „ Scientific American “дека рударите починале од габична инфекција. Таа истакна дека ќе биде прашање на време пред рударите да се заразат со коронавирусот доколку рудникот не бил веднаш затворен.

Окното на рудникот мирисаше ужасно, како пекол. Пештерата беше исполнета со измет од лилјаци – вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.