Американски научници од Медицинскиот центар на Универзитетот Раш развиле терапија со пептид што може да спречи развој на тешка форма на болеста Ковид-19, објави „Џурнал од Неуроимун Фармаколоџи“ (Journal of Neuroimmune Pharmacology).

Новоразвиениот пептид (азотно органско соединение кое се состои од аминокиселински мономерни единици) ја спречува причината за смрт кај болни од Ковид-19 – „цитокинска бура“.

По тестирањето врз глувци, експертите откриле дека молекулата помага во заштитата на белите дробови, ја намалува телесната температура и ја подобрува работата на срцето.

Според научниците, корона вирусот може да стане сезонско заболување како грип, па затоа повикуваат на развој на лекови и терапии што намалуваат воспаленија предизвикани од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.