ЦДЦ ја одобри третата доза за одредени имунокомпромитирани лица од 18 години па нагоре во август. Кажано е дека станува збор за трета доза, а не бустер доза, ЦДЦ прави разлика меѓу овие две, во случај доколку имунокомпромитуваните лица не добиле добар имунолошки одговор од првите две дози.

Студијата од Универзитетот Џон Хопкинс, ова лето, покажа дека кај вакцинираните лица со ослабнат имунитет за 485 пати е поголема можноста дека ќе завршат во болница или ќе починат од COVID-19 за разлика од повеќето вакцинирани лица, пишува CNN.

Во помалите студии, целосно вакцинираните луѓе со ослабнат имунитет беа 44% од новите случаи кои имаа потреба од хоспитализација.

Луѓето со ослабнат имунитет исто така можат да го пренесат вирусот на луѓето кои биле во близок контакт со нив.

Американската управа за храна и лекови исто така одобри бустер доза за сите три достапни вакцини за одредена група на луѓе.

Истражувањата покажаа дека дополнителната доза го зголемува одговорот на антителата на вакцината кај одредени лица со намален имунитет.

Ова ќе овозможи да се дава четврта доза најмалку 6 месеци по третата доза од mRNA вакцината. Во овој момент ЦДЦ нема препорака за четврта доза. Луѓето треба да разговараат со своите лекари за да утврдат дали тоа е неопходно, велат од ЦДЦ.

Тука спаѓаат лицата кои се на активно лечење за карцином или тумор, лица кои имаат трансплатирано орган и матични клетки, ХИВ позитивни.

Лицата со ослабнат имунитет кои примиле една доза од вакцината J&J треба да добијат дополнителна доза најмалку два месеца по примање на вакцината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.