Директорот на американската фармацевтска компанија Фајзер, Алберт Бурла изјави дека светот за една година ќе се врати во нормала по пандемијата, при тоа најавувајќи годишна вакцинација против Ковид-19.

Мислам дека ќе можеме да се врати на нормалното. Но, тоа не значи дека нема да има нови соеви (на вирусот). И не мислам дека тоа значи оти ќе можеме да живееме нормален живот без редовна вакцинација.

Тој вети дека следните денови ќе достави до американскиот регулатор податоци од истражување што Фајзер го спровела за вакцинирање деца на возраст од пет до 11 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.