Инфицираните ги имаат сличните симптоми како тие што ги носи и коронавирусот. Покрај кашлање имаат и вртоглавица, повраќање и главоболка. Станува збор за многу редок микроогранизам кој го напаќа мозокот и буквално го „јаде“. Ваков случај беше потврден во Флорида, соопштија американските здравствени работници.

Министерството за здравство на Флорида потврди дека една личност од Хилсбороуг е заразена од амебата „Наеглериа Фолери“ која предизвикува инфекција на мозокот и е смртоносна.

Оваа амеба најчесто се може да се пронајде во топла вода, а во телото влегува преку носот. Министерството не откри каде се наоѓа моментално заразениот пациент, бидејќи познато е дека амебата може да се пренесе од човек на човек.

Најчести случаи се регистрирани во јужноамериканските држави, но во Флорида се ретки, со последниот потврден случај во 1962 година кога се регистрирани 37 случаи.

Жителите на Хилсбороуг се предупредени за опасноста.

Се советува да се избегнува пиење вода од чешма како и да се одбегнат езерата, реките и каналите од каде започнала инфекцијата поради летните температури.

Инфицираните ќе имаат повисока температура, вртоглавица, повраќање и главоболка. Најчесто несреќните заразени умираат за помалку од седум дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.