Пластичните кутии од сладоледот изгледаат доста практични за потоа да се искористат и за други намени, меѓу кои и складирање на друга храна како сирење, остатоци од ручекот, храна за замрзнување…

Но, колку и да се добро измиени, кутиите од сладоледот не смеат да се користат, зошто се опасни по здравјето од животот. Тие можат да пренесат хемикалии во храната која ја ставате во нив. Тука се вбројуваат хемикалиите како УВ-стабилизатори, омекнувач или супстанци кои се наошаат во пластиката и кои може да се пренесат врз јадењето, велат експертите.

Кутиите се посебно опасни ако се мијат со врела вода или се загреваат во микробранова печка, предупредуваат тие.

Тие се дизајнирани во нив да се чува сладолед и ништо друго. Храната што има поинаков состав од сладоледот може и да ја оштети пластиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.