Постојат голем број фактори кои влијаат на здравјето на срцето, од кои најважни се исхраната и физичката активност. Но, што се случува кога сме во мирување?

Според медицинските експерти, некои „ноќни“ активности можат да влијаат на здравјето и да го зголемат ризикот од кардиоваскуларните заболувања.

Ако навечер се вртите во кревет, тоа може да има негативни последици по здравјето на кардиоваскуларниот систем. Ова е поврзано со крвниот притисок, кој се намалува кога спиете цврсто, вели кардиологот д-р Кејти Томашко.

Научните студии исто така покажаа дека несоницата, нарушувањето на сонот што го отежнува заспивањето поврзано е со голем број кардиоваскуларни болести, вклучувајќи ја хипертензијата, срцевите заболувања и срцевата слабост.

Ако веќе имате срцево заболувања, несоницата може да го зголеми ризикот да се влоши. Една неодамнешна студија објавена во “Sleep Advances” покажа дека несоницата може да го зголеми ризикот од срцева слабост, мозочен удар и кардиоваскуларна смрт.

Истражувачите вклучиле 1.082 пациенти кои имале срцев удар или некој вид на интервенција за решавање на проблемот со блокираните артерии. На почетокот на студијата, 45 отсто од пациентите имале несоница, а 24 отсто изјавиле дека користеле лекови за спиење во изминатата недела.

Во текот на просечниот период на следење од 4,2 години, кај 225 пациенти забележани се дури 364 случаи на повторливи главни срцеви нуспојави. Кога ќе се споредат пациентите кои имале несоница со оние кои немале, состојбата била значително поврзана со хроничните срцеви нуспојави – дури и откако ќе се земат предвид кардиоваскуларните фактори на ризик, коморбидитетите и симптомите на анксиозност и депресија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.