Приватната болница „Аџибадем Систина“ е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од ковид-19, соопшти болницата.

Вчера на Фејсбук страницата на болницата осамна објава во која се вели дека медицинскиот персонал е подготвен да им помогне на дечињата кои имаат ковид-19 со бесплатно лекување на третманот.

Болницата бесплатно ќе ги лекува сите деца до 18 години на кои им е потребна хоспитализација поради ковид-19 велат од „Аџибадем Систина“.

Досега само болницата Козле, од средина на месец јуни, функционираше како Центар во кој се лекуваат деца и пациенти со ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.