Изминатата недела според податоците од Институтот за јавно здравје биле регистрирани за 35 проценти повеќе лица позитивни на ковид-19 во споредба со претходно анализирана недела. Речиси двојно е зголемен и бројот на починати и во перидот од 14. до 20.  септември дури 48 лица починале како последица на Ковид-19 за разлика од 27 кои биле евидентирани во периодот од 7 до 13 септември. Само во последните три дена починале 17 лица од кои најмладиот има само 23 години.

Според податоците од здравствените власти, 47 или 6,7 проценти од починатите, не стигнале да побараат лекарска помош и починале во домашни услови.

Министерството за здравство веќе ги задолжи директорите на болниците и клиниките каде третираат лица со Ковид-19, да направат анализа на што се должи зголемената смртност и како ги лекувале овие пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.