Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 657 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 39, Битола – 4, Прилеп – 3, Куманово и Велес – по 2, Тетово, Штип и Неготино – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.

Регистрирани сe 36 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Куманово – 4, Прилеп – 2, Битола, Велес, Струмица, Свети Николе и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Направени се 657 тестови: ИЈЗ-88, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-21, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-34, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија-55, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Авицена-11, Биотек-15, Систина-6, лабораторија Лаор-2, Синлаб-1, Ремедика-6, Плодност-2, Генеа-0, Никоб Лаб-11, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-4, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-8, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 335.

Досега во земјата се направени вкупно 2.175.576 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.515, бројот на оздравени пациенти е 333.647, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 317.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.