Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација во Македонија е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.089 дози вакцини, од кои 709 се аплицирани како прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 26 октомври вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани се 772.424 а трета доза примиле 20.119 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.