Вкупно 21 возило од итната помош во Скопје доби посебни системи за навигација и GPS локација. Преку централниот мониторинг во Службата се знае точно каде се лоцирани возилата, податоци во однос на повиците, како и времето кое е потребно да се јават и укажат итна медицинска помош после повикот.

Оваа опрема е донација од „Стопанска банка“ за Здравствениот дом Скопје.

Благодарение на оваа помош сега се целосно опремени со посебни системи за навигација и GPS локација сите возила кои ги користи итната помош во Здравствениот дом во Скопје. Тоа значи дека за 21 возило, секогаш преку централниот мониторинг во Службата ќе се знае точно каде се лоцирани, податоци во однос на повиците, времето кое е потребно да се јават и укажат итна медицинска помош после повикот, што значи дека значајно ќе се рационализира работата и дека до местото на повик ќе стигнува возилото коешто веднаш ќе биде лоцирано дека се наоѓа најблиску. Граѓаните на Скопје, на околината на градот сега ќе имаат многу побрз пристап и здравствена услуга во делот на итната медицинска помош“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Директорот на Здравствен дом Скопје д-р Виктор Исјановски информираше дека покрај овој систем на навигација, установата добива и 12 медицински фрижидери.

Два се веќе инсталирани во Поликлиниката Бит Пазар, се очекуваат уште 10 фрижидери. Нивната намена ќе биде за вакцинирање и за сите овие потреби во овој временски период кои ги имаме. Ги очекуваме и тие 10 фрижидери кои ќе бидат распределени во останатите поликлиники, истакна д-р Исјановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.