Вкупно 193 милиони денари се планирани за набавка на лекови за ретки болести и инсулин со ребалансот на буџетот, соопшти Министерството за здравство. Одлуката била донесена вчера на 152. седница на Владата на Македонија на која беше усвоен ребалансот на буџетот.

Истовремено во Фондот за здравствена заштита се алоцирани 660 милиони денари за непречено остварување на правата од здравствена заштита.

Владата ја усвои Информацијата за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на Универзитетска клиника за кардиологија.

Исто така, се усвои и информацијата со иницијатива за соединување–централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември“–Скопје, Клиничка болница Штип и Клиничка болница Битола, како и низ останатите градови во државата, соопштија од Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.