Многу е важно како го започнувате денот. Според индиската филозофија Ајурведа, изборот на вашите дневни рутини го прави вашиот организам или отпорен или пак сосема подложен на болести. Според Ајурведа, секој треба да го започне денот фокусирајќи се на утринските ритуали кои ќе го поттикнат усогласувањето на телото со природниот ритам, урамнотежувањето на трите елементарни енергии (воздух и простор; оган и вода и вода и земја), како и зајакнувањето на самодовербата и самодисциплината.

19 причини поради кои секојдневно треба да се пие чаша со вода

1.Лимонот ги чисти црниот дроб и ја стимулира неговата работа.

2. Лимонот е антисептик и антиоксиданс. Спречува грип, настинка и многу видови на инфекција.

3. Помага при грчеви и тегоби во желудникот.

4. Лимонот е одлично средство против првут и масна коса.

5. Вода со лимон помага при варењето на храната бидејќи нејзиниот состав е сличен на оној на желудочната киселина.

6. Лимонот поттикнува создавање ензими во црниот дроб.

7. Спречува појава на гингивитис и стоматитис.

8. Помага во намалување на крвниот притисок и го поттикнува нивото на добриот холестерол.

9. Лимонот го алкализира организмот.

10. Вода со лимон ја разблажува мочната киселина, а со тоа помага кај артритисот и гихтот.

11. Помага во елиминација на вишокот слуз во организмот.

12. Спречува грчеви и болки во мускулите.

13. Регулира работа на метаболизмот.

14. Штити од стрес и депресија.

15. Го намалува ризикот од мозочен удар.

16. Спречува настанување на камења во бубрегот и жолчката.

17. Штити од остеопороза

18. Вода со лимон помага во слабеењето.

19. Ја нормализира работата на цревата и го олеснува нивното празнење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.