Министерството за здравство информира дека состојбата со коронавирусот во земјата до 10 часот е 19 новозаболени на коронавирус. Со тоа  бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица.

Вчера попладне и во текот на ноќта преку ИЈЗ на коронавирус беа тестирани 71 лице. Од нив две лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија. Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација, информираат од Министерството за здравство.

На клиниката „Жан Митрев“ биле тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.

Со ова бројката на новозаболени до 10.00 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.