Во хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ, во државен карантин поради коронавирусот сместени се 154 лица.

Сместувањето, како што информираат од АД ЕСМ, е извршено во текот на вчерашниот и денешниот ден, а граѓаните се вратени со два лета од Виена, Австрија и од Базел, Швајцарија.


При приемот, лицата се контролирани и анкетирани од страна на медицинска екипа од Клиничкиот центар-Тетово, со постојано присуство и асистенција на МВР. Дистрибуцијата на храна, вода и средства за хигиена до собите се извршува од страна на вработените во „Елемтурс”, според пропишаните процедури и протоколи, велат од АД ЕСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.