Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Прилеп-1, Тетово-16, Струга-7, Велес-3, Битола-1, Охрид-5, Гостивар-6, Кочани-1, Делчево-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, во Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4 и Свети Николе-1.

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124. Последната дистрибуција по градови е следна:
•    Скопје 1201, активни 595
•    Куманово 545, активни 129
•    Дебар 52, активни 1
•    Штип 161, активни 123
•    Прилеп 218, активни 29
•    Тетово 273, активни 115
•    Струга 98, активни 26
•    Велес 141, активни 27
•    Битола 30, активни 4
•    Охрид 30, активни 13
•    Кавадарци 6, активни 1
•    Гостивар 47, активни 26
•    Гевгелија 6, активни 2
•    Струмица 5, активни 2
•    Крива Паланка 6, активни 0
•    Радовиш 4, активни 0
•    Крушево 3, активни 0
•    Кочани 43, активни 12
•    Пробиштип 5, активни 3
•    Демир Хисар 1, активни 0
•    Македонски Брод 2, активни 0
•    Пехчево 3, активни 0
•    Берово 2, активни 1
•    Валандово 3, активни 2
•    Виница 3, активни 1
•    Делчево 2, активни 1
•    Кратово 3, активни 1
•    Свети Николе 3, активни 2
•    Кичево 3, активни 1
•    Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1085 теста се преку: ИЈЗ –663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена –128, Биотек -42, Жан Митрев (Филип Втори) –144, Систина со PCR метода –41 и МАНУ -55. Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.