Вакцина против ковид-19 досега примиле 2 680 здравствени работници, информираа Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација досега се пријавиле 71 900 граѓани, а 46 414 преку матичен лекар. Од вкупно пријавените 118 314 граѓани за вакцинација, 56 784 граѓани се на возраст над 70 години, посочија од Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.