Доцна попладнево од Дебар заминаа 106 лица кои беа затекнати со прогласувањето на кризната состојба во Дебар и Центар Жупа, поради коронавирусот, информира МИА.

Како што информираа од Оперативниот штаб станува збор за лица од други градови на Северна Македонија, кои беа сместени во хотелските капацитети на „Дебарски Бањи -Цапа“, а кои се согласиле да останат во домашна изолација уште 14 дена.

Со полицска придружба, во зависност од местото на живеење, дел заминаа преку контролниот полициски пункт на Бошков Мост, на патот кон Маврово, додека дел преку пунктот кај ХЕ „Глобочица“ на патот кон Струга.

Останатите 12 лица, странски државјани, пред се од Шведска и Албанија, Дебар ќе го напуштат според соодветен протокол во соработка со Амбасадите на земјите од каде што се.

Затекнатите лица во четвртокот попладне беа вратени од контролнте полициски пунктови поради тоа што имале само потврда од епидемиолог дека се здрави, но во договор со надлежните и согласност на лицата да останат во домашна изолација уште две недели тие доцна попладнево заминаа во своите домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.