Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.422 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштија од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 116 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 68 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 86 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 88, во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 59 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 30, Кавадарци 50, а во Гевгелија 19 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.