Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, за цел имал да предизвика стравови од „ТикТок“ и другите кинески технолошки компании меѓу официјалните претставници на Соединетите држави, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Вол стрит журнал“, повикувајќи се на луѓе запознаени со оваа материја.

Закерберг вниманието кон „ТикТок“ до претседателот го донел на приватна вечера на крајот на октомври, кога тој тврдел дека кинеската компанија ќе претставува закана за бизнисот и безбедноста на податоците во земјата, се вели во извештајот.

Изворот, исто така, истакнува дека, за време на неговиот говор за слободата на изразување, кој го одржал пред студентите во Вашингтон, минатата есен, извршниот директор на Фејсбук во скриена форма посочил на фактот дека видео-апликацијата на „ByteDance“ претставува ризик за американските вредности.

Претседателот на САД издаде извршна наредба претходно во август, со наредба на „ByteDance“ да ги пренасочи своите операции во САД до средината на септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.