Социјалната мрежа ТикТок на компанијата „БајтДенс“ ќе стане самостојна компанија со седиште во Соединетите Држави со цел да избегне забрана од администрацијата на Трамп, објави во вторникот Фајненшл тајмс.

Кинескиот технолошки гигант ќе биде мнозински акционер во новата компанија, додека корпорацијата „Оракл“ се очекува да има удел во сите операции на ТикТок, не само во САД, изјавија извори блиски до преговорите.

Покрај тоа, други компании кои беа дел од преговорите за популарната видео апликација како што е „Валмарт“, наводно, може да поседуваат и малцински удел. Сепак, точните услови на договорот сè уште не се соопштуваат и може да бидат предмет на промена, велат од Фајненшл тајмс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.