Од петок, 31 јануари до недела, втори февруари во Скопје, Охрид и Битола по осми пат ќе се одржи најголемиот регионален настан посветен на развивање видео игри – Global Game Jam Македонија 2020. Македонија секоја година котира во врвот на листата по бројот на игри создадени за време на настанот по глава на жител – досега се создадени 180 видео игри во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници, па така #ggjm20 ќе се случува на три локации: Скопје, Битола и Охрид. Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48­ часовен маратон. Оваа година ќе се случува од 31ви јануари до 2ри февруари и како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка, едукација и експериментирање, вели организаторот.

Global Game Jam Македонија 2020 очекува преку 300 учесници на локациите во Скопје, Битола и Охрид. За нив ќе има непрекинат интернет пристап, оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор. Се очекува да продефилира публика од над пет илјади луѓе на отварањето, затварањето и во текот на целиот настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.