Компанијата „Твитер” објави денеска дека ќе забрани секаков вид политичко огласување на оваа социјална мрежа низ целиот свет.

Главниот извршен директор на компанијата, Џек Дорси, на Твитер објави дека ваквите пораки „треба да се заслужат, а не да се купат“, пренесува „Би-би-си“.

Тој изјави дека политичките реклами на интернет претставуваат нов предизвик за граѓанскиот дискурс пред се заради оптимизираните пораки насочени кон микро-цели, непроверени информации и бројни лаги.

Спроведувањето на новата деловна политика ќе започне на 22 ноември, напиша директорот на Твитер.

Не станува збор за слобода на изразување. Станува збор за плаќање за досег. Плаќањето за зголемување на опсегот на политичките говори има значајни реперкусии со кои денешната демократска инфраструктура можеби не е подготвена да се справи“, заклучи Џек Дорси во твитот за новата одлука на интернет гигантот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.