Ракетата на компанијата „Спејс икс“ во четвртокот изврши успешно лансирање на својата ракета „Falcon 9“ во орбитата, носејќи 60 интернет сателити „Старлинк“.

Дванаесеттото лансирање на овие сателити се случи во вселенскиот центар Кенеди на Флорида. По првата фаза „Falcon 9“ се врати на пловечката платформа во Атлантскиот Океан.

Претходната мисија на Фалкон 9 носеше 58 сателити во 100-тото лансирање на компанијата.

Проектот „Старлинк“ има за цел да обезбеди „брз широкопојасен интернет на локации каде пристапот е несигурен, скап или целосно недостапен“. Услугата е планирано да биде достапна оваа година во северниот дел на САД и Канада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.