Годинава што изминува е поинаква од останатите, а во време на неизвесност луѓето повеќе од претходно бараат разбирање и значење, сметаат од гугл.

Светот повеќе пребаруваше „зошто“ многу повеќе од претходно, а годинешните пребарувања се навистина интересни.

Некои од зборовите за пребарување кои се најдоа на врвот на листата се коронавирус, изборни резултати, Коби Брајант, зум.

Гугл исто така направи и одредени категории по видови на пребарување. На пример, најпребарувани актери се Том Хенкс, Хоакин Феникс, Рики Жерве.

Најпребарувани филмови: Parasite, 1917, Black Panther, 356 Dni, Contagion.

Најпребарувани луѓе: Џо Бајден, Ким Џонг Ун, Борис Џонсон, Камала Харис и Том Хенкс.

Гугл објави и видео во кое ќе дознаете за што светот најмногу пребаруваше во оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.