Идните сопственици на новата конзола на Сони, ПлејСтејшн 5 од почетокот на празничната сезона може да планираат на играње ГТА 5, ненадминатиот хит уште од времето на ПлејСтејшн 3 уредот.

Сони објави дека целосната игра ќе пристигне во втората половина на 2021 година, а дека сопствениците на конзолата ќе добијат бесплатна онлајн компонента од играта ГТА онлајн.

Во блог-пост Сони соопшти дека најавеното проширување ќе содржи различни технички и визуелни подобрувања како и подобрување на перформансите. Новата содржина за ГТА Онлајн ќе биде ексклузивно за ПС5.

Оваа игра за прв пат се појави во 2013 година и од тогаш воопшто не изгуби на популарност, така што до денеска ГТА онлајн играта задржа илјадници луѓе кои ја играат секојдневно.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.