Русинката Ирина Рубникова починала од струен удар додека се капела, пишува британски „Сан“. Ирина настрадала откако нејзиниот полнач за ајфон паднал во водата. 15-годишното девојче било пронајдено мртво во саботата во нејзиниот дом во Братск, Русија.

Нејзиното семејство и пријатели со голема болка ја примиле веста за прераната смрт. Ирина била шампион во борење во панкратион, античка грчка боречка вештина, која подразбира борење и боксување без никакви правила. Таа била дел од националниот руски боречки тим.

„Ирина сонуваше да стане светски шампион. Таа беше прекрасна личност. Најдобрата и најсакана од сите“, изјавиле нејзините пријатели.

„Отсекогаш сонуваше да успее во спортот. Сакавме да заминеме заедно во друг град и да учиме таму. Сите ја сакаа. Ирина беше мила и убава“, велат нејзините пријатели

Нејзината сестра Татјана (25) за весникот „Комсомолскаја правда“ изјавила дека таа била прекрасна девојка која имала многу пријатели.

„Таа повеќе не е со нас. Нашите срца се скршени. Сега во домот е толку е тивко и празно без неа“, изјавила Татјана.

Со соопштение излегле и од Спортската федерација на Русија, од каде испратиле сочувство за прерано изгубениот живот.

„Трагична несреќа ѝ се случи на нашиот шампион, пријател и студент Ирина Рубникова. Нека почива во мир“, соопштиле од Спортската федерација на Русија.

Руските безбедносни лица претходно предупредиле за опасноста од користењето на мобилните телефони и полначите во бањите.

Во февруари уште една Русинка по име Ксенија П. настрада од полнач за смартфон, кој паднал во водата додека таа се капела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.