Социјалната мрежа „Парлер“ поднесе тужба против технолошката компанија „Амазон“, тврдејќи дека со нејзината суспензија донела незаконска и полтички мотивирана одлука во корист на компанијата „Твитер“.

Во тужбата поднесена до Окружниот суд во градот Сиетл, компанијата „Парлер“ наведува дека „Амазон“ ѝ причинил тежок удар со прекин на услугите за веб-хостинг, откако „Епл“ и „Гугл“ ја прекинаа дистрибуцијата на нивните апликации.

Со судската тужба „Парлер“ бара од „Амазон“ тројна отштета, враќање на претходниот статус и услугите кои претходно ги договорил. Исто така, бара и парична отштета, тврдејќи дека имал повеќе од 12 милиони корисници, а загубил милиони, во момент кога американскиот претседател во заминување Доналд Трамп им сугерирал на конзервативните приврзаници да ја заменат социјалната мрежа „Твитер“ со „Парлер“.

Истовремено, компанијата „Амазон“ е обвинета за лицемерство поради недовербата во врска со способностите на „Парлер“ за контрола на работата на платформата, вклучувајќи отстранување на содржини кои поттикнуваат насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.