Од утрово корисниците на социјалните платформи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Месинџер“ пријавуваат проблеми во користењето. Проблеми имаат корисниците низ цела Европа, вклучително и Македонија.

„Нема интернет конекција“ или „Се конектира…“, јавува „Месинџер“ кога сакате да испратите порака до други виртуелни пријатели, а дел од пораките пристигнуваат со големо задоцнување. Дел од корисниците алармираат дека воопшто не можат да се вклучат на „Фејсбук“.

Преку платформата „Даун Детектор“, проблеми јавиле корисници од целиот свет, но се чини дека најголеми проблеми има во западна Европа.

„Мирор“ го контактирал „Фејсбук“ за коментар, но засега нема одговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.