Тесла планира да го започне производството на својот „Model Y“ во Кина до почетокот на 2021 година, објави Глобал Тајмс во четвртокот, повикувајќи се на официјален претставник на компанијата.

СУВ-то на Тесла ќе биде произведувано во Шангај Гигафактори, се вели во извештајот.

На почетокот од овој месец, една статија откри дека производителот на автомобили, наводно, сака да го зајакне своето меѓународно присуство на пазарот, со посебен фокус на Кина, Франција и Канада.

Калифорнискиот гигант забележа пад од 25% на месечните регистри во азиската земја во јули, што е многу помало намалување од оноа што е забележано во Германија во текот на истиот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.