„Г-мејл“, кој деновиве го прославува својот 15-ти роденден, одлучи по тој повод, да „ги почести“ со некои нови додатоци своите корисници, како на пример, опцијата за закажување датум и час на испраќање на мејлот.

Тоа досега, во рамки на „Г-мејл“, беше достапно само со специјалните понуди. Сега опцијата ќе стане достапна за сите и ќе може да се активира со клик на стрелката покрај „Испрати”.

Меѓу новитетите е и опцијата „Смарт Компоуз” која, по принципот на вештачка интелигенција, сама учи да се прилагодува на навиките и стилот на корисникот. Така, на пример, таа сама ќе ги вметнува вообичаените поздрави на корисникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.