Експертите од Корејскиот институт за наука и технологија при универзитетот Јонсеи успеаја да развијат полимер што може да се вгради во ЛЦД-екраните, како што се оние инсталирани на паметни уреди, и кој е способен да ги поправи пукнатините.

Научниците објавија дека користеле супстанца добиена од ленено масло, која може да се врати во првобитната состојба под УВ-светло во рок од 20 минути, или на собна температура во рок од 12 часа.

Како што објаснија, научниците создадоа полимер кој содржи микрокапсули со ленено масло во комбинација со силикон. Тој полимер потоа се претвора во заштитен слој што може да се нанесе на екранот на паметниот телефон.

Кога ќе се појави оштетување, микрокапсулите пукаат и ги пополнуваат пукнатините, поправајќи го оштетениот екран.

Извор: Информер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.