Викендов во Скопје, Битола и Охрид се одржа осмото издание на Глобал гејм цем Македонија, кој беше најмасовен досега. Според организаторот, имало 230 учесници на трите локации.

Беа направени 46 тимови од кој излегоа 44 игри. Темата оваа година беше „Поправка“ па сретнавме игри во кои се поправаа врски, меѓусебни односи, се поправаше планетата, па дури и игри во кои се поправаа игри. Во Скопје продефилираа повеќе од 400 посетители за време на маратонот со дополнителни посетители и минувачи за време на презентациите. Таа бројка во Битола и Охрид се движи над 200, соопшти организаторот.

Како и претходната година повеќе од половината учесници на настанот биле првпат, а бројот на девојки кои работат повторно се зголеми од лани.

Најмногу се програмираше во Unity но и во Unreal, Construct 2, python, Scratch, WEBGL и Game Maker. Во организацијата на настанот беа вклучени 55 луѓе. И оваа година имавме контест за постер, а идејното решение падна на решението на Ана Здравкова, додава организаторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.