Во рамки на националниот ден на тревога во Германија, денеска точно во 11 часот се огласија сирените, а жителите добија дојави на своите мобилни телефони.

Станува збор за тестирање на уредот за предупредување во случај на катастрофа. Во иднина, жителите на Германија треба да бидат известени за опасни ситуации користејќи разни уреди за предупредување, објави поратлот Fenix

За таа цел, точно во 11 часот во Германија беа активирани различни уреди, како радио и телевизија, дигитални градски табли или апликации за предупредување.

За прв пат во Германија највисокото ниво на предупредување беше испратено до десетици милиони мобилни телефони. Пораките се испраќаат од системот како радио сигнали кои се испраќаат до сите компатибилни уреди во опсегот на радиоќелија, па оттука и името „Емитување на ќелии“. Пораката изгледа како СМС.

Никој не треба да има инсталирани апликации за предупредување како NINA или Katwarn на својот мобилен телефон за да биде предупреден. Денеска предупредувањето стигна и до луѓето кои користат мобилен телефон, а не паметен телефон. Мобилното емитување веќе се користи во други земји на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.