Тим од ученици од основното одделение ОУ Даме Груев од Битола ја претстави својата иновација, што се однесува на искористување на сончевата енергија за осветлување пренесува Факултети.мк.

Проектот беше наречен „паметни венецијанки“, а всушност станува збор за поставување на соларни панели од надворешната страна на венецијанките со што сончевата енергија се претвора во електрична, а електричната енергија се претвора во светлинска што се користи за внатрешно осветлување. Електричната енергија може да се користи и за напојување на мобилни телефони и таблети.

Тимот од ОУ Даме Груев во состав од тројцата деветтоодделенци Андреј Јовановски, Христијан Николовски и Михаил Јанакиевски, под менторство на нивната наставничка по физика, Валентина Степановска Андонова беше еден од 10-те избрани во конкуренција од над 100 тимови на „Повикот на ученици-млади „UPSHIFT“ иноватори и социјални претприемачи во организација од МОН, Фонд за иновации, UNICEF и CEED Македонија. Работилницата се одржа од 4 до 6 октомври во Маврово, а проектот на младите ученици ги освои симпатиите на присутните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.