Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, почна да најавува промени на социјалната мрежа.

Најбогатиот човек на светот, соопшти дека Твитер секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но дека може да дојде до промена на цените за комерцијалните и државните корисници.

Од компанијата одбиле да коментираат за ова прашање откако биле контактирани од „Ројтерс“.

Откако ја додаде оваа социјална мрежа на списокот на компании што ги поседува, Маск порача дека сака да ја подобри платформата со нови опции, да промени одредени алгоритми, да отфрли ботови и да ја потврди автентичноста на сите профили.

Минатиот месец, пред да постигне договор за купување на Твитер, Маск предложи неколку промени во премиум услугата за претплата на „Твитер Блу“ (Twitter Blue), вклучително и намалување на цената.

Тој, исто така, во понеделникот најави дека ќе го направи транспарентен начинот на кој одредени твитови се промовираат или деградираат и дека софтверот на Твитер ќе го направи отворен за јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.