Лари Теслер, компјутерскиот научник кој ги креираше најпознатите компјутерски команди како „сечи“, „копирај“ и „залепи“ (cut, copy, paste) и пронајди“ и „замени“ (find, replace), почина во понеделникот, на 74 години.

Тој почнал да работи во Силициумската Долина во 1960-ите, во време кога компјутерите сѐ уште не биле достапни на мнозинството луѓе. Токму благодарение на неговите иновации личните компјутери станале далеку поедноставни за користење.

Тој првпат ја вклучил командата „отсечи/залепи“ во софтверот на „Епл“ во компјутерот „лиза“ во 1983, како и во оригиналниот „мекинтош“, кој излезе следната година. Таа се базирала врз стариот метод на изменување, во кој луѓето физички сечеле делови од отпечатен текст и потоа ги лепеле на друго место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.