Кина се подготвува за лансирање на „ровер“ на Марс, што ќе биде една од трите претстојни мисии на црвената планета, кои ќе ги имаат и САД и Обединетите Арапски Емирати.

Носачот на ракети „Долг Марс-5“ е најголем кинески ракетен носач кој е употребен три пати експериментално, но никојпат со корисен терет. Првата кинеска мисија на Марс е наречена „Тианвен-1“ која има за цел прибавување научни податоци.

Лансирањето ќе биде извршено од кинескиот космодром Венчанг во јужната провинција Хаџнан кон крајот на јули или почетокот на август, пренесуваат денеска кинеските државни медиуми цитирајќи ја Кинеската национална вселенска агенција.

Мисијата е една од најамбициозните за Кинеската вселенска програма, која нагло напредуваше од покренувањето на првата мисија со екипаж во 2003 година.

Кина тогаш стана третата земја во светот која испрати човек во вселената, по поранешниот Советски Сојуз и САД. Од тогаш, Кина тежнее забрзано да фати чекор со Русија и САД позиционирајќи се да стане водечка вселенска сила до 2030 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.