Темниот начин на работа засега е достапен само за корисниците во неколку држави ширум светот, а се очекува наскоро да биде достапен за сите корисници.

На социјалната мрежа Твитер открија како во Фејбук го тестираат темниот начин на работа на апликацијата Messenger наменета за телефоните кои што работат на оперативнито систем Андроид.

Тој начин на работа засега им е достапен само на неколку одбрани корисници во неколку држави. Засега е во фаза на тестирање, па затоа е прерано да се процени како навистина ќе функционира и дали и кога ќе биде достапен за сите корисници на Messenger.

Оваа вест за тестирање на темниот начин на работа пристигнува откако Messenger неодана го промени корисничкиот интерфејс со намалувањето на бројот на табови и други помали подобрувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.